|
Роден е во с.Стојаково, Гевгелиско, во 1873 година. По завршувањето
на Солунската егзархиска гимназија во 1892 година, извесно време бил учител во
Бугарија, каде што станал секретар на Македонскиот комитет. Се
префрлил во Македонија и во 1903 година пристапил во четата на
Х.Чернопеев.
На 6 април 1903 година на врвот Готен, Малешевско, четата на Чернопеев водела тешка борба
со многуброен турски аскер. Во текот на борбата загинал и Антон
Стојанов. |